Петар Печков
Објавено: четврток, 17 јули 2014
Попладнево околу 17 часот во дворот на велешката Гимназија е пронајдено машко тело на лице на возраст од околу 90 години. На местото на настанот се полициски увидни екипи и јавен обвинител. Засега нема официјални информации на настанот. Него го пронашла жена која минувала низ паркот.
Минував низ паркот кога видов тело на земја. Отидов и видов дека лежи, беше повредено на главата, со многу крв. Се исплашив и побарав помош од еден човек кој беше близу. Многу непријатна глетка. Беше возрасен маж - вели велешанка Вера Миџова која го пронашла лешот.
Тој е во дворното место на Гимназијата близу до оградата од новата црква. Околу него имало доста камења а едно поголемо парче кое било крваво.
Близу до главата на човекот имаше голем камен, кој во е ден дел беше крвав. Главата на старецот беше многу повредена, како да беше удирана со каменот. Не можеше да се препознае, толку беше лоша сликата . Викнав врза помош, дојде докторката му пипаше пулс, на даваше знаци на живот и му ја покри главата со бела ткаенина – вели сведокот Иван Радичев.
За него е чудно што телото било подалеку од клупа каде тој најверојатно седел и таму се наоѓал бел машки шешир. Блиските на починатиот кои го идентификувале велат дека станува збор за Јован Цилаков. Полицијата ги потврди настанот.
Tweet |